Челси има водство од 1-0 по првото полувреме од Суперкупот на Европа против Вилјареал, меч што се игра во Белфаст. „Сините“ прикажаа повеќе од ривалот од Шпанија и заслужено стигнаа до предност благодарение на погодокот на Зијеш, кој одлично се снајде во противничкиот шеснаестник и го совлада голманот Асенхо.
Проблем за Тухел претставува фактот дека токму стрелецот Зијеш заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет. Според првичните непотврдени информации, станува збор за скршеница на раката, повреда поради која Зијеш сигурно ќе го пропушти стартот на новата премиерлигашка сезона.
Вилјареал најубавата шанса ја имаше во последните секунди од полувремето, кога Алберто Морено од четири метри со волеј-удар ја затресе само гредата од голот на Менди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА