Проблем за Фенербахче, но и за Србија: Гудуриќ со солзи во очите по незгодна повреда (ВИДЕО)

Фенербахче стигна до победа во првиот полуфинален натпревар против Бешикташ во турското првенство, но остана без услугите на еден од своите најдобри кошаркари. Станува збор за Марко Гудуриќ кој мораше да го напушти теренот пред крајот на средбата, а судејќи по неговото лице повредата воопшто не е наивна.

По прегледите утврдено е дека српскиот репрезентативец заработил повреда на препоните, но не е јасно колку долго истата ќе го остави надвор од терените. Тоа воедно претставува и проблем за српската репрезентација која во месец август ќе настапи на Олимписките игри во Париз.

Се вчитува...