Проблем за Филаделфија: Џејмс Харден месец дена во „аут“

Филаделфија во следниот месец нема да може да смета на услугите на Џејмс Харден кој претрпе повреда на тетивата на стапалото, пишува доброупатниот НБА инсајдер Адриан Војнаровски.

Харден одлично ја започна новата сезона во која бележи дабл-дабл просек од 22 поени и 10 асистенции со што беше и еден од клучните играчи во четитите победи на составот од Источната конференција, но сега ќе мора да помине низ процес на рехабилитација.

Неговиот камбек се очекува на почетокот на месец декември па ќе биде интересно да видиме како ќе се снајде Филаделфија во овој период без еден од своите најдобри играчи.

 

Се вчитува...