Проблем за Интер: Повредата на Арнаутовиќ е сериозна

Интер одлично ја стартуваше сезоната, но Симоне Инзаги се соочува со првиот посериозен проблем по повредата што ја заработи Марко Арнаутовиќ на вчерашниот дуел со Емполи.

Австрискиот напаѓач го повреди мускулот без контакт со противничкиот играч и остана да лежи во агонија, веднаш беше очигледно дека проблемот не е наивен, а деталните прегледи покажаа сериозно истегнување и пауза од најмалку два месеци.

Арнаутовиќ беше прва резервна опција во нападот, за ротација и одмор на Лаутаро Мартинез и Маркус Турам. Во ситуација кога искусниот голгетер е повреден, Инзаги го има само Алексис Санчез како „покритие“ за навалната линија, па останува да се види дали Интер ќе се активира на пазарот и ќе доведе нов голгетер од неколкуте кои моментно се слободни играчи и би можеле еспресно да му се стават на располагање на тренерот на „нероаѕурите“.

Се вчитува...