Проблем за Јуве: Ди Марија се повреди пред дербито со Наполи

Масимилијано Алегри не може да крене глава од проблемите со повредите во Јувентус, откако Анхел ди Марија се врати на листата на отсутни играчи на „старата дама“.

Аргентинецот конечно се врати во стартниот тим за синоќешниот дуел со Удинезе, но во 60. минута самиот побара да биде заменет жалејќи се на повреда. Неофицијално, станува збор за проблем со мускулот, истиот оној поради кој Ди Марија пропушти неколку средби на СП во Катар, што ќе значи ново отсуство на една од најголемите „ѕвезди“ на „црно-белите“ од Торино.

Проблемот е уште поголем ако се знае дека Јувентус во следното коло го очекува големо дерби против Наполи, меч за кој Алегри нема да може да смета ниту на Влаховиќ ниту на Пол Погба.

Се вчитува...