Проблем за Јуве – паѓа цената на Дибала

Јувентус најавува мини-ремонт на екипата за летниот преоден рок, а дел од парите што се планирани да се потрошат треба да дојдат од продажбата на Пауло Дибала. Тоа значи и сериозен проблем за „старата дама“, бидејќи вредноста на Аргентинецот во последните месеци вртоглаво почна да паѓа, откако тој влезе во конфликт со тренерот Алегри и минутажата осетно му се намали.

До јануари Дибала беше проценет на 100 милиони евра, интерес за неговите услуги искажуваа Баерн, Манчестер Јунајтед, па дури и Реал Мадрид, но во меѓувреме ситуацијата се промени. Ниту еден од овие клубови веќе не планира да потроши ниту приближна сума на „стотката“ што ја бара Јуве, туку вредноста на Дибала е сериозно опадната, за дури 40%.

Сега Баерн нуди максимални 60 милиони евра, Јунајтед се уште размислува, а Реал гледа други опции, така што е повеќе од јасно дека Јуве ќе има проблем да го наплати заминувањето на Дибала онака како што посакуваа Ањели и Недвед. Како „план Б“ останува преселбата на Аргентинецот во Интер, во директна размена за Мауро Икарди.

Се вчитува...