Проблем за Милевски пред Чешка: Се повреди Бојан Миовски

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот во Храдец Кралове силите ќе си ги одмери со Чешка во вториот пријателски натпревар кој воедно ќе означи и крај на јунските подготовки.

А, против силниот чешки тим кој ќе настапи и на престојното Европско првенство во Германија селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на услугите на голгетерот Бојан Миовски.

Дваесетичетиригодишниот напаѓач кој оваа сезона забележа 14 голови во шампионатот на Шкотска ќе ја пропушти средбата поради болка на зглобот на ногата.

Се вчитува...