Проблем за „милионерите“: Гереиро ќе паузира четири месеци

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд ќе биде без услугите на португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро во наредните четири месеци. Тој заработи сериозна повреда на стапалото на мечот против Русија во рамките на Купот на Конфедерациите и мораше да замине на операција. Првичните проценки се дека ќе мора да паузира до средината на ноември.

Гереиро заработи непријатна повреда, но во прв момент не беше утврдено дека се работи за скршеница на стапалото. Сепак, откако болките продолжија Португалецот замина на дополнителни прегледи по кои беше одлучено да биде подложен и на хируршки зафат.

Се вчитува...