Проблем за Монако, Головин ќе паузира два месеци поради повреда

Францускиот прволигаш Монако се соочува со проблеми пред стартот на новата сезона во домашниот шампионат. Новото засилување, рускиот интернационалец Александер Головин заработи сериозна повреда на десниот скочен зглоб, поради која ќе мора да паузира околу два месеци.

Ќе биде ова голем проблем за „кнезовите“ кои се обидуваат да му парираат на ПСЖ во трката за шампионската титула. Головин на 27 јули пристигна во Монако за сума од 30 милиони евра и потпиша петгодишен договор со клубот.

Монако на 11 август ќе му гостува на Нант во првото коло од новиот шампионат на Франција.

Се вчитува...