Проблем за Мурињо: Никој не го сака Вејн Руни

Плановите на Манчестер јунајтед за доведување на нови врвни голгетери во моментов се во застој поради неможноста на „црвените ѓаволи“ да се ослободат од Вејн Руни. Англискиот репрезентативец е најплатен фудбалер во Премиер-лигата со неделна заработувачка од 300.000 фунти, сума што Мурињо планираше да ја „раздели“ меѓу двајца нови врвни голгетери (Мората и Лукаку).

Сепак, Јунајтед не може да најде купец за својот капитен, кој веќе одби неколку понуди од Англија јасно ставајќи до знаење дека нема намера да ги намали своите финансиски побарувања. Проблемот се зголеми откако и во Кина беше променет системот за оданочување, па клубовите од Далечниот Исток во иднина ќе ги намалат сумите што ги нудеа за да го доведат фудбалските ѕвезди од Европа.

ЛА галакси пред извесно време се интересираше за Руни, но сега вниманието целосно го насочи кон Златан Ибрахимовиќ. Мурињо моментно се наоѓа во небрано, па единствена опција е да го испрати голгетерот на позајмица, а Јунајтед да плаќа поголем дел од платата (како што Сити стори во случајот на Џо Харт во Торино). „Ѓаволите“ се обидуваат што поскоро да го комплетираат трансферот на Алваро Мората, но вториот голгетер што Мурињо го посакува, без разлика дали тоа ќе биде Лукаку или некој друг, сепак ќе мора да почека до разврската за Вејн Руни.

Се вчитува...