Проблем за ПСЖ – се повреди Килијан Мбапе

Маурицио Покетио во наредниот период ќе мора да се снаоѓа без помошта на Килијан Мбапе по повредата што францускиот репрезентативец ја заработи на гостувањето против Бриж.

Мбапе за првпат стартуваше крај Меси и Нејмар во атомското трио на „светците“ од Париз, тој асистираше при водечкиот гол на Ерера, но потоа остана да лежи на тревата жалејќи се на болка во пределот на скочниот зглоб.

Французинот се обиде да продолжи, но неколку минути подоцна самиот побара да биде заменет, откако стана јасно дека повредата воопшто не е наивна. По враќањето назад во Париз врз него ќе бидат извршени нови детални прегледи по што ќе биде познато колку Мбапе ќе отсуствува од фудбалските терени.

Се вчитува...