Проблем за Работнички – Гинјард неизвесен за вечното дерби!

Работнички синоќа го претрпе првиот пораз сезонава, на гостувањето во Куманово, но уште поголем проблем за Марин Докузовски претставува повредата на Маркус Гинјард. Американскиот кошаркар го повреди мускулот и потоа не влезе во игра, пропуштајќи го клучниот дел од натпреварот.

Во ситуација кога Работнички за само неколку дена (в недела) го очекува вечното дерби со МЗТ Скопје, јасна е причината за загриженост во таборот на „центарци“.

„Не сакавме да ризикуваме со негов настап во второто полувреме со Куманово, бидејќи сепак здравјето на кошаркарот е најважно. Повредата не е премногу сериозна, ги чекаме резултатите од деталните прегледи за да видиме дали ќе може да настапи против МЗТ“ – информираат од Работнички.

Само за потсетување, Гинјард поради повреда го пропушти финалето од Купот на Македонија против МЗТ Скопје, единствен пораз што Работнички го претрпе од големиот ривал сезонава.

Се вчитува...