Проблем за Реал, крај на сезоната за Карвахал

Дани Карвахал нема да може да настапува до крајот на оваа сезона по повредата што дефанзивецот на Реал Мадрид ја заработи на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Десниот бек настрада во самиот финиш од првото полувреме и мораше да биде заменет, а лекарските прегледи потврдија дека проблемот не на наивен.

Имено, Карвахал има кинење од втор степен на мускулот на десната нога, поради што го очекува пауза од најмалку еден месец од терените. Ова значи дека тој сигурно ќе го пропушти реваншот со Атлетико, преостанатите четири средби од Примера, а минимални се шансите овој одличен дефанзивец да се појави во тимот за финалето од ЛШ што ќе се игра во Кардиф на 3 јуни.

Во ситуација кога ќе го нема својот стартен десен бек во тимот, Зидан ќе треба да реши дали на оваа позиција да му даде шанса на Бразилецот Данило, или пак на Начо, кому природна позиција му е централен дефанзивец.

Се вчитува...