Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е позитивен на Ковид-19, потврди клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Искусниот стручњак добил позитивен тест на тестирањето пред утринскиот тренинг и нема да биде на клупата на „кралскиот“ клуб за натпреварот против Селта.
Засега останува непознато дали има и други позитивни случаи во тимот, што би претставувало сериозен проблем за Реал Мадрид пред натпреварот со Челси во четвртфиналето од Лигата на Шампионите кој треба да биде одигран следната среда.
Comunicado Oficial.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) March 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА