Проблем за Сити во трката за титулата: Се повреди Родри

Играчот од средниот ред и еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Родри, беше подложен на тестови поради повреда на препоните. Шпанецот беше заменет кон крајот на натпреварот против Арсенал во 33. коло од Премиерлигата во неделата.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола откри дека Родри ќе го пропушти натпреварот против Барнли во среда.

„Мислам дека нема да биде подготвен за овој натпревар, а потоа ќе видиме. Можеби ќе се врати за Саутемптон, или можеби и против Евертон“, изјави менаџерот на „Граѓаните“.

Се вчитува...