Проблем за Талески: Лагард потпиша за Рајн-Некар Левен

Филип Талески многу лесно би можел да си замине од Рајн-Некар Левен откако германскиот ракометен гигант денеска комплетираше трансфер на нов врвен лев бек. Станува збор за францускиот репрезентативец Ромен Лагард, кој пристигнува од таборот на Нант и денеска потпиша договор до 2023 година со „лавовите“ од Манхајм.

Рајн-Некар Левен подолго време се интересираше за овој ракометар, а по долги преговори на крајот се согласи да плати 260.000 евра за да го доведе Лагард во Бундес-лигата, па повеќе од јасно е дека овој играч ќе биде прва опција на позицијата лев бек во наредниот период.

Талески не добиваше преголема минутажа во нападот и пред доаѓањето на Лагард, па лесно може да се случи македонскиот бек да почне да разгледува и други опции за продолжување на својата кариера. Интерес за нашиот репрезентативец покажува Вардар, кој во случај Талески да стане достапен за трансфер ќе испрати сериозна понуда за да го врати левиот бек назад во Македонија.

Се вчитува...