Проблем за Валверде: Видал е бесен поради малата минутажа

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал дојде на „Камп Ноу“ како големо засилување, но засега не ја добива очекуваната минутажа од тренерот Ернесто Валверде. Согласно својот темперамент, тој веќе реагирал до стручниот штаб и побарал да му биде разјаснета неговата ситуација.

До овој момент, Видал доби само 176 минути во дресот на Барселона во сите конкуренции. На последниот меч од ЛШ против Тотенхем влезе во самиот финиш и одигра три минути, а претходно беше повлечен против Атлетик Билбао по 55 минути на теренот.

За споредба, Артуро Видал минатата сезона во Баерн Минхен одигра 35 натпревари или вкупно 2.279 минути.

 

Се вчитува...