Проблем за Вардар: Французите бараат отштета за Кантегрел

Вардар ги договори условите за соработка со францускиот голман Робин Кантегрел, но трансферот наиде на компликации поради фактот дека овој 25-годишен чувар на мрежата има уште една сезона од актуелниот договор со Сесон Рен.

Кантегрел бранеше во одлична форма во втората француска лига и му помогна на Сесон да влезе во елитното друштво, а челниците на клубот сега сериозно сметаат на неговите услуги и за сезоната 2020/21. Француските медиуми јавуваат дека Сесон нема намера да го чува голманот ако тој инсистира на трансфер во Вардар, но „црвено-црните“ во секој случај ќе мораат да платат отштета за да го откупат неговиот договор со акутелниот клуб.

Останува да се види како ќе финишираат преговорите и дали Кантегрел ќе го комплетира голманското трио во Вардар, каде засега сигурно е останувањето на Борко Ристовски и на Марко Кизиќ.

Се вчитува...