Вардар нема да биде комплетен ниту за вечерашниот дуел од третото коло во Лигата на Шампионите против Алборг, откако Анте Кудуз ја загуби трката со времето за да биде „фит“ за пресметката со европскиот вицешампион.
Тренерот Веселин Вујовиќ на вчерашната прес-конференција најави дека Хрватот би требало да му биде на располагање, но името на Кудуз воопшто го нема во официјалниот записник за мечот, што значи дека поранешниот ракометар на Динамо Букурешт и овој меч ќе го следи од трибините на СЦ „Јане Сандански“.
Очекувано, во таборот на Алборг ќе го нема Арон Палмарсон по повредата што исландскиот бек ја заработи уште пред дваесетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА