Проблем за Зидан: Иско и Карвахал го пропуштаат реваншот со Баерн

Реал Мадрид скапо ја плати победата на гостувањето во Минхен, откако беше обелоденето дека Иско и Карвахал ќе мора да паузираат извесно време по повредите заработени на „Алијанц арена“. Иско мораше да биде заменет на полувремето, додека Карвахал беше повлечен од игра во вториот дел од мечот во Минхен, а по лекарските прегледи беше утврдно дека двајцата првотимци ќе мора да го пропуштат наредниот дуел од Примера против Леганес, како и реваншот од полуфиналето во ЛШ со Баерн Минхен.

Речиси сигурно е дека двајцата нема да играат со Баерн. Карвахал ќе паузира најмалку две седмици. За Иско – доколку беше финале постоеше шанса да ризикуваме за да игра, но вака нема потреба од било каков ризик“ – изјави клупскиот лекар на Реал Мадрид, Хозе Гонзалез.

Начо ќе добие шанса како десен бек на местото на Карвахал, додека замена за Иско речиси сигурно ќе биде Асенсио, кој го постигна победничкиот гол на „Алијанц арена“.

Се вчитува...