Проблеми без крај: Тотенхем без пет играчи против Барселона

Маурицио Покетино се соочува со сериозни проблеми да го „закрпи“ составот за утрешниот дуел со Барселона откако денеска беше обелоденето дека аргентинскиот стратег нема да може да смета на петмина првотимци за мечот со каталонскиот гигант.

Деле Али веќе извесно време е повреден, Фертонген заработи повреда на мечот со Тотенхем, а од комбинација за настап против Барса отпаднаа и главниот плејмејкер Кристијан Ериксен, потоа Муса Дембеле, како и десниот бек Серж Орие. Единствена добра вест за Покетино е што денешниот тренинг без проблем го издржа голманот Љорис, кој утре ќе застане на голот против Барселона.

Тотенхем претрпе пораз на првиот меч од групата, во Милано против Интер, па евентуален неуспех дома против Барса значително ќе ги намали шансите на „спарси“ за место во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...