Проблеми на тренингот пред ГН на Холандија – Фетел во улога на пожарникар, запре и болидот на Хамилтон (ВИДЕО)

Големата награда на Холандија се враќа во етерот по 36 години, а петочните тренинзи наговестија интересна битка за нови бодови во недела. Возачите имаат проблеми да се прилагодат на стазата на која имаше излетувања, а Себастија Фетел и Луис Хамилтон се соочија со големи проблеми со своите болиди кои запреа на патеката.

Фетел пријави до својот тим дека неговиот болид се соочува со проблеми со моторот, а по запирањето Германецот мораше и да реагира со против пожарно средство откако болидот почна да дими. Астон Мартин брзо реагираше и се очекува германскиот возач да биде на патеката во утрешните квалификации.

Со слични проблеми со соочи и актуелниот првак Луис Хамилтон чиј Мердецес болид запре на стазата поради проблеми со моторот. Следеше црвено знаме и сесијата беше прекината, а болидот на Британецот беше пренесен во гаражата.

Нешто подоцна од патеката излета и рускиот возач Никита Мазепин, кој мораше да биде префрлен од медицинското возило до тимската гаража.

Се вчитува...