Проблеми по Словенија: Тројца бекови неизвесни за Русија

Стручниот штаб на ракометната репрезентација се соочува со сериозни проблеми во пресрет на утрешниот натпревар со Русија. Тројца членови на бековската линија, Мартин Велковски, Филип Кузмановски и Марио Танкоски, заработија повреди во текот на вчерашниот натпревар со Словенија, па лекарскиот тим прави напори за да ги оспособи за настап против Русија.

Кузмановски игра се подобро во нападот од натпревар во натпревар, а евентуалното негово отсуство, надополнето со повредата на Танкоски би донело огромни проблеми на бековската позиција. На прв поглед најлошо изгледаше повредата на Мартин Велковски, за кого деталните прегледи ќе покажат дали ќе може да се врати на терените за време на овој светски шампионат.

Мечот меѓу Македонија и Русија на програмата е утре со почеток во 15.30 часот.

Се вчитува...