Србија лесно и убедливо ги доби првите три натпревари на Мундобаскет 2023, но селекторот Пешиќ се соочи со првиот посериозен проблем откако Борша Симаниќ предвреме го заврши настапот на светскиот шампионат.
Крилниот кошаркар доби силен удар во пределот на бубрегот и не можеше да го продолжи мечот, по што беше пренесен во болница каде врз него бил извршен и хируршки зафат. Симаниќ се чувствува добро и сите функции на бубрегот се сочувани, но сега ќе претстои период за одмор и целосна рехабилитација, поради што овој кошаркар нема да може да настапува до крајот на СП.
Србија утре го стартува настапот во втората фаза од Мундобаскет 2023 против селекцијата на Италија, меч за кој Пешиќ најверојатно ќе ги има повторно во тимот Петрушев и Аврамовиќ, кои поради ситни повреди не настапија на последниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА