Проблеми во „рајот“: Мбапе го брка Нејмар од ПСЖ?!

Каде се големи парите, таму е уште поголемо егото… ПСЖ гази на терен и ги „меле“ противниците како никогаш досега, но на „светците“ им се соочува сериозен проблем по најавите за продлабочување на конфликтот меѓу Килијан Мбапе и Нејмар. Бразилецот долго време беше прва ѕвезда во тимот, но сега кога Мбапе ја презеде таа улога францукиот голгеер јасно ставил до знаење дека не сака да продолжи да игра со Нејмар во тимот.

Како што јавуваат француските медиуми, Мбапе веќе имал разговори со клупските директори, инсистирајќи Нејмар што поскоро да биде продаден. Тој добил такво ветување пред да го потпише новиот договор со „светците“, ПСЖ навистина го стави Бразилецот на трансфер-листа, но проблемот настана кога ниту еден клуб не покажа интерес за да го доведе Нејмар во своите редови.

Тоа не е крај на приказната, бидејќи Мбапе продолжил да инсистира на заминување на овој соиграч, кому очигледно му памети многу работи од претходните години, кога Нејмар беше крајно непрофесионален во таборот на ПСЖ, користејќи го епитетот на „прва ѕвезда“ во тимот.

Проблем е што бразилскиот генијалец во меѓувреме се смири и е најдобар фудбалер на ПСЖ од стартот на сезонава, уште една работа што очигледно му пречи на Мбапе.

Се вчитува...