Проблеми во Украина: Силен снег во Киев, потоа навивач влезе на теренот

Натпреварот Динамо Киев – Баерн Минхен почна со многу проблеми. Најпрво имаше многу снег на теренот, но лицата задолжени за организација го исчистија од теренот, но снегот и натаму паѓа во главниот украински град.

И не беше само тоа. На самиот почеток на натпреварот, во 2. минута еден навивач влезе на теренот, и предизвика прекин. Реагираше полицијата, со што навивачот беше отстранет од стадионот. Исто така треба да се напомене дека Баерн има само четири резервни играчи и двајца голмани.

Во Украина не допатуваат речиси 10 играчи на „Баварците“.

Се вчитува...