Проблеми за Баерн: Хамес Родригез паузира подолго, Тијаго не игра во Суперкупот на Германија

Германскиот првак Баерн Минхен се соочува со проблеми пред почетокот на новата сезона во Бундес-лигата. Баварците вчера беа декласирани од Ливерпул (0-3) во полуфиналето на „Ауди куп“, а останаа и без двајца значајни фудбалери од средниот ред. Новото засилување, Колумбиецот Хамес Родригез, го повреди бутниот мускул и ќе паузира најмалку три седмици, а се повреди и Тијаго Алкантара.

Шпанецот исто така нема да биде во можност да помогне за Суперкупот на Германија, па тоа се дополнителни проблеми за тренерот Карло Анчелоти.

Се вчитува...