Проблеми за Барселона, двајца дефанзивци нема да играат против ПСЖ

Барселона синоќа против Бетис (5:2) ја оствари деветтата победа во деветтиот натпревар во Ла Лига, но ќе биде ослабена за најтешкиот испит сезонава, дуелот со ПСЖ во рамки на Лигата на шампионите.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик за дуелот со ПСЖ нема да може да смета на Ерик Гарсија и на Жил Кунде.

Гарсија заработи повреда на мускулот на десната нога и се очекува да биде надвор од терените помеѓу три и четири недели.

Жил Кунде, пак, има проблеми со зглобот на ногата и засега е сигурно дека нема да патува во Париз за дуелот против актуелниот европски шампион.

Добра вест за Флик е тоа што младиот дефанзивец Жерар Мартин ќе патува со екипата за Париз и ќе биде во комбинација за настап.

 

 

Се вчитува...