Проблеми за Давитков: Витингтон ги пропушта Косово и Романија

Селекторот Јорданчо Давитков се соочува со првите проблеми во пресрет на стартот од новиот претквалификациски циклус за Евробаскет 2021, откако Шејн Витингтон заработи повреда и отпадна од комбинација за септемвриските дуели со Косово и со Романија.

Американецот летово од Зенит се пресели во Андора, но на еден од првите тренинзи во шпанскиот прволигаш заработи незгодна повреда. Денеска беа објавени и резултатите од лекарските прегледи – скинат мускул и пауза од еден месец од терените, што значи дека Витингтон дефинитивно нема да може да му биде на располагање на стручниот штаб на националниот тим за претстојните натпревари.

На поширокиот список на Давитков се најде и Ричард Хендрикс, кој требаше да биде резервна опција, па останува да се види дали овој центар ќе одговори позитивно и ќе се појави во црвено-жолтиот дрес на гостувањето во Приштина, а потоа и на домашниот натпревар во Скопје против Романија.

Се вчитува...