Проблеми за Франција на шест недели до стартот на ЕП

Францускиот фудбалски голман Мајк Мањан го повреди мускулот на десната натколеница на само шест недели пред Европското првенство, соопшти денеска неговиот клуб Милан.

Италијанскиот клуб соопшти дека Мањан, кој е прв голман на Франција, бил подложен на магнетна резонанца која ја открила повредата, но не кажа колку долго ќе паузира.

Повредата на Мењан е лоша вест за францускиот селектор Дидие Дешамп, кој на 16. мај ќе го објави својот тим за Европското првенство.

Се вчитува...