Проблеми за Ѓоковиќ или не? Невакцинираните тенисери нема да настапат на Австралија опен!

На невакцинираните тенисери нема да им биде дозволено настап на првиот гранд-слем во 2022 година, Австралија опен.

Директорот на турнирот, Крег Тили за австралиските медиуми ја потврди оваа информација.

„Би сакал Новак Ѓоковиќ да дојде во Мелбурн. Тој рече дека вакцинацијата за него е приватно прашање и дека не сака да зборува за тоа. Поголемиот дел од тенисерите и тенисерките се вакцинирани. Би сакале да го видиме Новак тука“, изјави Тили. 

Австралија опен ќе се игра во период од 17. до 30. јануари следната година.

Се вчитува...