Проблеми за Гвардиола: Се повреди Де Бруин, го чека долга пауза

Сериозни проблеми за Пеп Гвардиола пред продолжението на сезоната во Премиер лигата. Денешниот тренинг на Манчестер сити заврши на најлош можен начин со повреда на еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“, Кевин Де Бруин.

Според првичните информации Белгиецот заработил повреда на коленото поради која го очекува подолга пауза. Се уште не се познати точните резултати од лекарските прегледи, но англиските медиуми пренесуваат дека Де Бруин ќе биде надвор од терените најмалку два месеци.

Во второто коло од Премиер лигата, Манчестер сити в недела пред домашните навивачи го пречекува Хадерсфилд.

Се вчитува...