Проблеми за македонскиот селектор: Пандев неизвесен за дуелот со Израел

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Со неочекувани проблеми пред утрешниот дуел со Израел во Бер Шева во квалификациите за пласман на ЕП 2020 се соочува македонскиот селектор Игор Ангеловски.

„Имаме проблеми со повредени фудбалери поради што се уште се размислува околу почетниот состав за утрешниот натпревар. Аријан Адеми се опоравува и ќе одработи цел тренинг, но ме загрижува состојбата Горан Пандев кој две седмици има хематом на слабините и е тотално неизвесен, посебно како стартер, за утрешниот натпревар против Израелците“ – информираше македонскиот селектор на денешната прес-конференција во Бер Шева.

Се вчитува...