Проблеми за некогашниот првак на Англија: Му се заканува испаѓање во трета лига

Десет години по сензационалниот триумф во Премиер лигата, Лестер Сити се соочува со испаѓање во третата лига откако им беа одземени шест бода поради кршење на финансиските прописи.

Последиците се сериозни бидејќи „Лисиците“ паднаа од 17-то на 20-то место во Чемпионшип и се само над зоната за испаѓање благодарение на подобрата гол-разлика.

Независен панел утврди дека Лестер го надминал ограничувањето на загубата за нешто помалку од 21 милион фунти (24 милиони евра) во соодветниот тригодишен период до сезоната 2023/24. Во текот на три сезони, клубот регистрираше загуби од повеќе од 200 милиони фунти (230 милиони евра).

Лестер ја опиша казната како непропорционална и се пожали дека олеснителните околности не биле доволно земени предвид.

Лестер нема победа и загуби три од последните четири лигашки натпревари, а моментално е без главен тренер по неодамнешната разделба со Марти Сифуентес.

Овој тим во 2016 година сензационално ја освои Премиерлигата како целосен аутсајдер, со оглед дека коефициентот за освојување на титула беше 500, а потоа следуваше и триумф во ФА Купот во 2021 година.

Се вчитува...