Проблеми за Обрадовиќ: Смаилагиќ го очекува долга пауза

Најмалку два месеци од теренот ќе отсуствува кошаркарот на Партизан, Ален Смаилагиќ. Смаилагиќ ја повредил тетивата на тренинг во Шпанија, пренесува „Моцарт спорт“.

Поради ова ќе мора да паузира неколку месеци и да го пропушти почетокот на сезоната. Се очекува тој да направи дополнителни тестови по враќањето во Белград, но како што стојат работите во моментов, ситуацијата нема драстично да се промени.

За потсетување Смаилагиќ, неодамна имаше проширени вени, повреда која ја санираше со операција, а поголемиот дел од летото го помина со индивидуални тренинзи.

Се вчитува...