Проблеми за Словенците пред мечот во Скопје: Зорман остана без уште тројца ракометари!

Словенците со дополнителни проблеми околу играчкиот кадар го очекуваат натпреварот со Македонија, во среда (12. март) во Скопје во квалификациите за Европското првенство 2026.

Селекторот Урош Зорман, откако претходно го загуби Миха Зарабец, сега за дуелот во Скопје нема да може да смета на уште три клучни ракометари, Ник Хенигман, Миха Кавчиќ и Тадеј Клјун.

Хенигман има повреда на рамото, Кавчиќ нема да може да настапи поради проблем со дијафрагмата, додека Клјун не успеал да се опорави од повреда на грбот.

Како што е познато од претходно надвор од составот се и Цехте, Овничек, Ферлин, Машковшек и Јанц, па севкупно гледано, Зорман нема да може да смета дури на 11 играчи кои беа во тимот на Светското првенство во јануари.

Поради сите тие откажувања Зорман ги повика Тарик Мливиќ, Тим Розман и Алекс Кавчиќ за дуелите со Македонија.

Се вчитува...