Проблеми за Тотенхем: Без четири првотимци против Интер

Стратегот на Тотенхем, Маурицио Почетино. се соочува со сериозни проблеми во пресрет на утрешното гостување против Интер, не можејќи да смета на четири стандардни првотимци на премиерниот меч од ЛШ оваа сезона. Љорис и Деле Али не настапија ниту против Ливерпул, не успеаја да се рехабилитираат навреме ниту за утрешниот меч во Милано, а згора на тоа дефанзивците Трипие и Алдерверелд не отпатуваа со остатокот од тимот во Италија.

„Али и Љорис се повредени, исто како и Сисоко, тоа не е ништо ново. Кај Трипие и Алдерверелд не станува збор за повреди, туку за моја техничка одлука“ – истакна Почетино на денешната прес-конференција.

Санчез ќе добие шанса како централен дефанзивец во отсуство на Алдерверелд, додека улогата на десен бек ќе му припадне на Орие.

Се вчитува...