Играчот од средниот ред на фудбалската репрезентација на Гана и до неодамна играч на Арсенал, Томас Парти (32), се појави на суд во Лондон во вторник, соочувајќи се со обвиненија за силување на две жени и сексуален напад врз трета жена.
Парти е обвинет за пет обвиненија за силување на две жени и напад врз трета помеѓу април 2021 и јуни 2022 година. Првпат беше уапсен во јули 2022 година, но неговото име не беше објавено во тоа време и тој продолжи да игра за Арсенал.
Откако ја плати кауцијата, Парти беше ослободен и следното појавување пред судот ќе биде на 2 септември.
Партеј играше за Арсенал во последните пет сезони откако пристигна во Лондон од Атлетико Мадрид за 50 милиони евра. Неговиот договор со „топџиите“ истече ова лето и се очекува да ја продолжи кариерата во шпанскиот тим Виљареал, каде што се очекува да се приклучи без отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

