Проблемите на Рома немаат крај – повреди на уште двајца првотимци

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, се соочува со сериозни проблеми околу составот на „волчицата“  откако остана без уште двајца стандардни првотимци. Плејмејкерот Лоренцо Пелегрини заработи незгодна повреда на ногата поради која беше опериран и ќе мора да отсуствува најмалку два месеци од терените.

Згора на тоа, средниот ред на „римската волчица“ ќе биде дополнително ослабен со неиграњето на Хенрик Мхитаријан. Станува збор за повреда на мускулот, поради која Ерменецот во следните три седмици нема да му биде на располагање на тренерот Фонсека.

За потсетување, од претходно повредени во таборот на Рома се уште и Четин, Ундер и Пероти, а добра вест е само враќањето на Запакоста, кој почна да тренира со остатокот од тимот.

Се вчитува...