Проблемите во втор план – Македонија е подготвена за австриски мегдан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација во максимална позитивна атмосфера ги одработува подготовките за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2020.

Без разлика на фактот дека веќе се загубени сериозните шанси за водечките две позиции во групата, без разлика на фактот што селекторот Игор Ангеловски се соочува со бројни откажувања поради повреди и суспензии за пресметката в сабота, репрезентативците се решени за максимална борба против Австријците во Виена и позитивен крај на квалификацискиот циклус.

 

Се вчитува...