Продаден на аукција шампионскиот прстен кој Коби го подари на мајка му

Еден од двата дијамантски прстени кои Коби Брајант ги подари на своите родители е продаден на аукција за сума од 200.000 долари. Кошаркарот кој трагично го загуби животот, во 2000 година на родителите им купи две идентични копии од НБА шампионскиот прстен.

Неговата мајка Памела во 2013 година го продаде прстенот, а неодамна тој повторно се најде на аукција каде достигна сума од неверојатни 200.000 долари. Почетната цена беше 15.000 долари, но на крајот таа успеа да стигне до неверојатни 200.000 долари.

Наскоро се очекува дека и вториот прстен ќе се најде на аукција и нема дилема дека ќе достигне сума слична на неговиот претходник.

Се вчитува...