Продолжува АВАНТУРА-та со Државна лотарија на Македонија

Втората серија на инстант лозот АВАНТУРА  на Државна лотарија на Македонија  ја донесе првата премија во Скопје. Првиот KIA SPORTAGE од оваа серија е изгребан на продажното место на Државна лотарија на Македонија во скопски Сити Мол. Добитникот за прв пат решил да купи и гребе некој инстант лоз, а за инстантите на Државна лотарија на Македонија знаел од негов другар кој секојдневно гребел по некој инстант лоз. Почетничката среќа му се насмевнала најпрво на инстант лозот Дијамант на кој добил 200 денари , кои повторно ги вложил во инстант лозови, но овој пат купил АВАНТУРА лозови. АВАНТУРА -та пак била уште посреќна за него  и му донела три симболи на автомобил , кои значеле КИА СПОРТАЖ. Мирослав заедно со својот другар Тихомир најпрво ги посетија просториите на Државна лотарија на Македонија , каде ја потврдија добивката на автомобилот, а потоа во Сити Мол ги добија и клучевите од својот нов автомобил.

       

Инаку , Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант лозот АВАНТУРА на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз. Кој покрај главната премија автомобил КИА СПОРТАЖ нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки . Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов Kia Sportage.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !

Се вчитува...