Продолжува бајката на 114. тенисерка во светот – Хвалинска во финалето на Ролан Гарос!

Полската тенисерка Маја Хвалинска го оствари најголемиот успех во својата кариера, откако со сензационален настап обезбеди место во финалето на гренслемот Ролан Гарос, уште при своето деби во Париз.

Хвалинска во полуфиналната пресметка ја совлада Диана Шнајдер со 2-0 во сетови (7-6, 6-4), по исцрпувачка борба која траеше два часа и десет минути на централниот терен „Филип Шатрие“. Првиот сет понуди израмнета игра со по еден брејк на двете страни, а Полската тенисерка покажа поголема смиреност во тај-брејкот за водство од 1-0. Во вториот сет дебитантката го диктираше темпото, направи два клучни брејка и рутински ја зачува предноста за историски триумф.

Во големото финале Хвалинска ќе се соочи со Мира Андреева, која во второто полуфинале ја елиминираше Марта Костјук. За двете тенисерки ова ќе биде прво гранд-слем финале во кариерата.

Се вчитува...