Продолжува бајката на Беретини – пласман во финалето на Вимблдон

Матео Беретини го игра најдобриот тенис во својата кариера, со што Италијанецот стигна и до најголемиот успех – пласман во првото гранслем финале, и тоа на Вимблдон. Тој денеска за противник го имаше Хуркач, но Беретини со извонредна игра триумфираше со 3-1 во сетови и не дозволи полскиот тенисер да приреди уште едно изненадување, откако во претходните две рунди ги елиминираше Медведев и Федерер.

Дуелот беше израмнет на почетокот од првиот сет, кога по водството на Хуркач од 2-3 во гејмови следеше неверојатна серија од десет гејма во низа на Беретини, со што Италијанецот поведе со 2-0 во сетови (6-3, 7-6). Трет сет донесе израмнета битка, Хуркач го доби во тајбрејк со 3-7, за на самиот почеток од четвртиот Беретини да направи брејк и да ја задржи предноста до конечните 6-4, за свое прво гранслем финале во кариерата.

Италијанскиот ас неделниот меч за титулата ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Ѓоковиќ и Шаповалов.

Се вчитува...