Продолжува чистката во Баерн: Заминува човекот кој ги откри Дејвис и Мусиала

Сезонава неочекувано е лоша за актуелниот германски шампион кој уште пред крајот започна со голема чистка.

Марко Непе пред две години и три месеци стана технички директор, а сега е објавено дека се разделува со клубот во кој е од 2017 година. Пред директорската функција беше главен скаут на Баварците.

„Сакам да му се заблагодарам на Марко Непе за долгата и плодна соработка. Во овој период прославивме многу успеси и Марко Непе е одговорен за откривањето на извонредни таленти како Алфонсо Дејвис и Џамал ​​Мусиала, кои созреаа во играчи од светска класа во Баерн. Непе беше важен фактор во планирањето на тимот благодарение на тоа што создаде одлична скаутинг мрежа, но и реализираше бројни трансфери“, изјави претседателот Јан-Кристијан Дризен.

Се вчитува...