Продолжува драмата со Валиева на ЗОИ – Русинката се чувствувала лошо по настапот во кратката програма

Младата Русинка, Камила Валиева која го воодушеви светот со фантастичните настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, имала голем проблеми по настапот во кратката програма во индивидуалното натпреварување.

Таа по кратката програма веднаш ја напуштила арената со солзи во очите, а нејзиниот тренер изјавил дека воопшто не се чувствувала добро.

„Камила не се чувстува добро. Моравме да ја одведеме во соба што побрзо како би можела да се одмори“, изјавено е од тимот на Валиева. 

Валиева беше позитивна на допинг контролата пред игрите, но сепак и беше дозволено да настапи, што предизвика бура во јавноста.

Се вчитува...