Кристијано Роналдо не може да крене глава од проблеми по обвинувањата за силување и скандалот во кој беше вклучен во изминатиот период. Иако голем дел од медиумите објавија дека судот го отфрлил обвинението на Кетрин Мајорга, последните информации говорат дека не само што случајот не е затворен, туку е префрлен на федерален суд, кој наскоро ќе треба да се произнесе и да закаже евентуално рочиште.
За главоболките на Роналдо да бидат уште поголеми, полицијата во меѓувреме продолжила со истражувањето на доказите, при што ДНК на Португалецот е најдена и на облеката на жртвата. Американските власти составиле извештај на сто страници, до дел од него стигнал и до медиумите, кои тврдат дека новите докази сериозно можат да го инкриминираат фудбалерот.
Кошмарот за асот на Јувентус дефинитивно ќе продолжи, а останува дали и кога ќе биде закажано првото рочиште од случајот пред американскиот федерален суд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА