Англискиот репрезентативец и член на Челси, Кол Палмер ќе паузира уште најмалку шест недели поради повредата на препоните. Офанзивниот играч на „сините“ е надвор од терените од 20 септември, но се очекуваше да се врати кон крајот на овој месец.
Тренерот Енцо Мареска на прес-конференција призна дека погрешил околу проценката за враќањето на Палмер, и дека ќе му треба уште време додека се врати во дресот на Челси.
„Погрешив за враќањето на Кол Палмер во септември. За жал, му требаат уште шест недели. Се обидовме да го оспособиме колку што е можно побрзо, но од медицинскиот тим не се магионичари. Се надеваме сега дека шест недели ќе бидат доволни“, рече Мареска, кој додаде дека на играчот нема да му треба операција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

