Продолжува походот на Стефанос Циципас во Мелбурн

Дека елиминацијата на Роџер Федерер не е случајност и среќа, грчкиот тенисер Стефанос Циципас потврди со пласманот меѓу четворицата најдобри на грен-слемот Австралија Опен со четвртфиналната победа над Роберто Баутиста Агут со 3-1 во сетови.

Со 20 години и 168 дена, Циципас е најмладиот што се пласирал во полуфиналето на грен-слем турнир по Новак Ѓоковиќ во 2007 година на УС Опен.

Грчкиот тенисер кој е 14. носител во Мелбурн мечот го доби за три часа и 15 минути со 7-5,4-6,6-4 и 7-6(7-2).

Во полуфиналето тој ќе се сретне со шампионот од 2009 Рафаел Надал или со нерангираниот Франсис Тијафо кои играт подоцна денеска.

Циципас стана првиот Грк кој се пласирал во четвртфинале на грен-слем турнир кога го победи Федерер во осминафиналната пресметка, а тој е најмладиот учесник во полуфиналето на турнирот во Мелбурн по Енди Родик во 2003 година.

 

Се вчитува...