Продолжува „Сапуницата Меси“ – Лео на крајот сепак останува во Барселона!?

Лионел Меси најави дека заминува од Барселона откако клубот нема доволно финансии да го задржи. Сепак, доцна синоќа се случил голем пресврт во целата „сапуница“ Лионел Меси која трае веќе цела година. Имено од клубот преговарале со него и неговиот татко и менаџер Хорхе, како би се направило се што е можно Аргентинецот сепак да остане во Каталонија.

Многумија ја земаа оваа информација со резерва, но „Кадена сер“ пренесува дека клубот е во комуникација и со Ла лига како би успеале да издејствуваат да биде потпишан нов договор.

 

Се вчитува...